Обуки

Институтот за бизнис и менаџмент организира специјализирани обуки и работилници на актуелни теми од областа на бизнис менаџментот, наменети за компании, млади претприемачи, студенти, како и за јавни институции и организации.

УТМС СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЗАЕДНО СМЕ ПОУСПЕШНИ“

УТМС СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЗАЕДНО СМЕ ПОУСПЕШНИ“

Денеска и утре, 15 и 16 февруари, во Средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“, се одржува Конференцијата за соработка на средните угостителско-туристички училишта од Балканот, под мотото „Заедно сме поуспешни“.

На овој настан посветен ексклузивно на создавањето кадри за потребите на туристичкиот сектор, учество зеде и нашиот Универзитет, со презентација на нашите високо квалитетни образовни програми.

На конференцијата ќе бидат претставени добрите практики во образовниот процес и практичната настава во областа на туризмот, но и ќе се разгледуваат можности за соработка во иднина. На конференцијата учествуваат средни угостителско-туристички училишта од Белград и од Нови Сад, како и Факултетот Алпине од Атина.

Факултетот за туризам при УТМС е сертифициран од Светската туристичка организација (UNWTO) со диплома за квалитет „TEDQUAL“. Со оваа признание за квалитет од највисокото тело за туризам во светот, нашата институција е од една од 95-те најквалитетни факултети за туризам во светот.

Image

ibm@utms.edu.mk

Blvd. Partizanski odredi, No. 99, Skopje