Обуки

Институтот за бизнис и менаџмент организира специјализирани обуки и работилници на актуелни теми од областа на бизнис менаџментот, наменети за компании, млади претприемачи, студенти, како и за јавни институции и организации.

УНИВЕРЗИТЕТОТ СКОПЈЕ – ГЛАВЕН ПОКРОВИТЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ПОСВЕТЕНА НА 70-ГОДИШНИНАТА ОД ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО!

УНИВЕРЗИТЕТОТ СКОПЈЕ – ГЛАВЕН ПОКРОВИТЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ПОСВЕТЕНА НА 70-ГОДИШНИНАТА ОД ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО!

Денеска, по повод 70-годишнината од Европската конференција за заштита на културното наследство, во „Порта Македонија“, на иницијатива и под покровителство на Универзитетот Скопје, се одржа настанот под мотото „Македонското наследство на мрежи и на поврзувања“.  

Свои воведни обраќања на настанот имаа г-н Зоран Љутков, министер за култура и туризам, д-р Викторија Трајков, заменик-министер за европски прашања, г-н Штефен Худолин, шеф за соработка на Делегацијата на Европската Унија и г-а Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство. На настанот свои изложувања имаа и многубројни претставници на академската и на научната заедница, како и на јавниот сектор и на дипломатскиот кор од Македонија и од Европската Унија. 

„Културата и туризмот се главни промотори на Македонија, а секое македонско ,ќоше’ мириса на Mакедонија од Библијата!“, истакна заменик-министерката за европски прашања и професорка на Универзитетот Скопје, доц. д-р Викторија Трајков во своето воведно обраќање.

Свое излагање на настанот на темата „Новата балканска географија – културното наследство и туризмот“ имаше и деканот на Факултетот за туризам на Универзитетот Скопје, проф. д-р Сашко Граматниковски.

„Културниот туризам поттикнува дијалог меѓу народите“, порача деканот Граматниковски. „Преку туризмот, посетителите добиваат увид во душата на едно место, а Македонија нуди прозорец кон дел од Европа што изгледа недопрен од времето, но сепак длабоко поврзан со пошироката историја на континентот.“

И овој пат, Универзитетот Скопје како иницијатор и главен покровител на настанот, се покажа на дело како непоколеблив промотер на македонското културно наследство!

Image

ibm@utms.edu.mk

Blvd. Partizanski odredi, No. 99, Skopje