Обуки

Институтот за бизнис и менаџмент организира специјализирани обуки и работилници на актуелни теми од областа на бизнис менаџментот, наменети за компании, млади претприемачи, студенти, како и за јавни институции и организации.

УТМС КО-ОРГАНИЗАРОТ НА INTRADERS – МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ТРГОВИЈА

УТМС КО-ОРГАНИЗАРОТ НА INTRADERS – МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ТРГОВИЈА

Од 10-ти до 12-ти Мај 2018 година во Сакарја, Р. Турција, Универзитетот Сакарја организира Меѓународна конференција за интернационална трговија „INTRADERS“.

Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје, проф. д-р Аце Миленковски ќе ја отвори конференцијата во улога на клучен говорник.

На конференцијата ќе земат учество и претставници од академскиот кадар од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.

Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје, како и други престижни и реномирани универзитети од целиот свет се коорганизатори на конференцијата.

Тродневната научна конференција ќе ја обедини научната и бизнис елита од целиот свет која ќе дискутира на релевантни теми за интернационалната трговија, бизнис и логистика.

Image

ibm@utms.edu.mk

Blvd. Partizanski odredi, No. 99, Skopje