За нас

Институтот за биснис и менаџмент е основан со цел да ја поттикне и да ја координира научно истражувачката работа на универзитетот преку иницирање на истражувачки и развојни проекти, соработка со меѓународни научно-истражувачки организации на научни и апликативни проекти. Институтот го гради академскиот капитал на универзитетот мобилизирајќи ги сите внатрешни ресурси и креира идни лидери и истражувачи, мотивирајќи ги студентите да се вклучат во истражувачките проекти.

Институтот организира научни конференции, семинари, работилници и симпозиуми со цел да ги диесминира наодите од истражувањата и да го поттикне трансферот на знаење во заедницата и во наставата.

Мисија

Нашата мисија е преку спроведување на развојни и иновативни истражувања да ги унапредиме истражувачките способности на универзитетот, да обезбедиме апликативност на наодите во јавните политики, менаџментот и во бизнисот и да обезбедиме поголема информираност на носителите на политиките, бизнисот и јавноста заради решавање на клучните национални и глобални предизвици.

Визија

Нашата визија е Институтот за бизнис и менаџмент при УТМС да стане призната научно – истражувачка организација во земјата и пошироко, а со своите академски стандарди ќе се приближи на најдобрите европски институти

Стратешки цели

Основни стратешки цели се: унапредување на научно истражувачката работа, подобрување на квалитетот на научната работа, вклучување во меѓународни проекти и интензивирање на меѓународната соработка за работа на истражувачки проекти.

Вредности

Својата образовна и научно истражувачка работа институтот ја темали на основните вредности за квалитетот на научната работа и начелата на етика, независност, непристрасност и релевантност на истражувањата.

Image

ibm@utms.edu.mk

(+389)-02-3093-209

Blvd. Partizanski odredi, No. 99, Skopje